Политика за колачиња

Нашата веб-страница користи колачиња за подобро разбирање на користењето на веб-страницата од посетителите, подобрување на искуството на корисниците и оптимизирање и подобрување на функционалноста на веб-страницата. За повеќе информации за колачињата, како интернетот ги користи вашите информации и за резиме на опциите кои ви се достапни, ве молиме посетете ја политиката за колачиња.

Always Active

Kолачиња што се потребни за функционирање на веб-страницата. Овие колачиња анонимно ги обезбедуваат основните функционалности и безбедносни карактеристики на веб-страницата.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

23 октомври 2026 | Соопштенија

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.

Таа му упати честитки по повод неговиот избор за претседател во август, годинава и изрази подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи преку политички дијалог, размена на посети и унапредување на економската соработка.

Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“. Таа укажа на неопходноста од кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги врзани за Копенхашките критериуми.

Исто така, соговорниците разговараа за актуелните геополитички предизвици и потребата од јакнење на мултилатерализмот, како механизам за силни институции, што ќе им овозможи на малите држави поголемо учество во процесите на одлучување за глобалните прашања.

Претседателката ги искажа своите ставови за потребата од длабоки реформи на меѓународните организации, премин од реактивна кон превентивна дипломатија како предуслов за ефективно справување со глобалната криза, како и за потребата од проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан.